Претседателот на североисточната шпанска покраина Каталонија, Карлес Пучдемон, изјави дека процесот на отцепување на Каталонија од Штанија ќе влезе во фаза од која веќе ќе нема враќање, така што во догледно време Европа ќе добие нова суверена држава.
– Во 2017 година независноста ќе влезе во фаза по која веќе ќе нема враќање поради демократската одлука на граѓаните. Наша задача е сè да биде подготвено за тој момент – вели тој за весникот „Ел Паис“.
На изборите во септември, победи коалицијата на десните и на левите сили „Заедно за ДА“, која во рок од 18 месеци најави раздружување на покраината со 7,5 милиони жители.
Минатата недела во каталонскиот парламент беше изгласано формирање каталонска агенција за социјална заштита, што е чекор напред кон отцепувањето и прв самостоен закон на покраината. Следува донесувањето уште два битни закони, законот за даноци, според кој даночниот систем на Каталонија веќе нема да биде под надлежност на Шпанија и законот за правосудство.
Во каталонскиот парламент 72 од 135 пратеници се за формирање на република Каталонија.
-Пред 2012 година само 12 пратеници беа за независност. Сега сме 72 и сме мнозинство – рекол Карлес Пучдемон.
Шпанија е една од петте земји на ЕУ која не го призна едностраното отцепување на Косово од Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст