| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарците не сакаат милостина, одбија да примаат 2.200 евра месечно

На првиот ваков референдум во светот, Швајцарците требаше да се изјаснат „за“ или против предлогот за воведувањето на безусловен основен приход од 2.500 швајцарски франци (2450 долари) месечно за возрасните, вклучувајќи странци, кои живеат непрекинато пет и повеќе години во земјата, како и 625 франци за децата под 18 години. Во исто време, со овој предлог требаше да се заштедат трошоците за надоместоци за невработеност, социјални плаќања и пензии.

Одѕивот беше 46,9 проценти.

Иницијаторите на референдумот го оквалификуваат резултатот како „сензационален успех“, значително повеќе отколку што се очекуваше.

Нивниот портпарол истакна дека тоа значи дека дебатата продолжува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top