Хрватскиот поранешен претседател Стипе Месиќ оцени дека за кризата во земјата единствено добро решение би биле нови избори, затоа што, според него, Хрватска сега нема влада.
– Тешко е сега да се процени како нештата ќе се развиваат, но дека кризата е тука е сосема јасно и постојат неколку можни сценарија- рече Месиќ при гостувањето во емисијата „Во недела во два“, на ХТВ.
– Кризата е од толкави размери што можеме Хрватска да ја наречеме голема невладина организација, бидејќи влада немаме, истакна Месиќ.
На прашањето дали би било паметно првиот потпретседател на Владата Томислав Карамарко и лидер на ХДЗ да даде оставка, бидејќи со тоа најверојатно неговата партија би останала на власт, Месиќ со оценка дека е евидентна морално-политичката одговорност на Карамарко и дека би требало да се повлече доколку и сака добро на својата партија.
– Карамарко е политички мртов- оцени Месиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.