Шест милиони евра изнесува инвестицијата за обнова на регионалниот пат Кочани-Македонска Каменица-Делчево во должина од 31 километар. Увид во градежните активности денеска извршија министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојановски, кои пред претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ги претставија досега реализираните работи.
Како што најави Мисајловски, патот треба да биде обновен за 18 месеци. Најпрвин ќе се работи на санирање на свлечиштето што во изминатиот период често го попречуваше сообраќајот на патот пред Македонска Каменица по што ќе се врши и проширување на трите моста, како и гребење на постојниот и поставување нов асфалт и соодветна патна сигнализација.
Груевски потенцираше дека станува збор за важен пат за Делчево, Македонска Каменица, Берово и Пехчево, но и за патување кон Бугарија.
Посочи дека за неповолната состојба на патот укажал минатата година при посета на Делчево кога го информирал Мисајловски по што откако биле направени подготвителните работи година подоцна се почнати градежните активности.
Делчево – Кочани е дел од пакетот регионални патишта во чија обнова и изградба моментно се инвестираат 80 до 90 милиони евра.
Како што информираа Мисајловски и Стојанов се работи на реконструкција на над 200 километри регионални патишта. Станува збор за патиштата Битола-Ресен-Буково, Кочани-Делчево, Мокрино-Смолари, Николиќ-Дојран, кој треба да биде готов за еден месец, како и патот кај Маврово каде се почнува втората фаза, а се работи и на обнова на патот Бошков мост-Дебар и Мелнички мост-Центар Жупа, каде пак има активности и за обнова на локалнниот пат.
Се санира патот кон Ново Село-Новак, а се градат и патиштата Ропотово-Црнилиште, Кривогаштани-Горјани, завршен е и патот за Непроштено Делчево -Голак.
Покрај регионалните, посочи Мисајловски, во следниот период ќе почне изградбата на експресните патишта, Прилеп-Градско, Штип-Кочани, за каде градежните активности се планирани на почетокот на октомври кога се планира и почеток и изградба на експресниот пат Радовиш-Штип.
Комплетно нов експресен пат ќе се гради и на потегот Ранковце-Крива Паланка, а ќе се обнови и патот Крива Паланка-Бугарија за што е во тек проектирање.
Покрај планираната реконструкција на патот Гостивар-Кичево министерот за транспорт информираше дека интензивно се работи на подготовката за повикот за изградба на автопатско решение на тој потег по пат на јавно приватно партнерство.
Плановите се, како што рече, до октомври да се објави меѓународниот повик. Многу компании, посочи Мисајловски, се интересираат за овој проект, а според Груевски добро е Министерството за транспорт да испрати писма до амбасадите за да ги информираат нивните компании дека ќе има таков тендер за компаниите да се подготват навреме.
Тековните активности во обновата на регионалните патишта, почнатите и планираните ескпресни патишта, и изградбата на автопатите Скопје-Штип, Кичево-Охрид и обновата на дел од автопатските делници, како што истакнаа Мисајловски, Стојановски и Груевски овозможиле голем интерес од домашната градежна оператива за вклучување во проектите, која вложувала во нова механизација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст