Едно лице го загуби животот, а уште три се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа околу 23 часот на локалниот пат Тетово-Требош, во близина на натпатникот за ова село.
Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски информира дека патничко моторно возило „фолксваген голф“ управувано од Р.С. (33) од Требош, од засега неутврдени причини загубило контрола, излетало од патот, се превртело и удрило во блиските дрвја.
– Од превртувањето и удирањето, возачот и тројцата сопатници во возилото, петнаесетгодишно момче и две жени Е.А.(20) и Е.А.(23) здобиле тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничка болница-Тетово, како итни случаи веднаш биле пренесени на скопските клиники. Околу еден часот по полноќ, дваесетгодишната сопатничка Едона А. како последица на здобиените повреди починала, а и другите тројца се во сериозна здравствена состојба- рече Јосифоски.
По овластување на јавниот обвинител, увид на местото од сообраќајката извршила екипа на СВР Тетово. Притоа возилото било подигнато и пренесено во кругот на тетовската полиција за понатамошно крим-техничко вештачење и се работи на откривање на причините и се друго поврзано со несреќата.
Вкупната материјална штета се проценува на околу сто и педесет илјади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.