| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се хулиганите кои ќе одговараат за предизвикување штета од 250.000 евра?

min kultura 6
Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје вчера поднесе две кривични пријави против неколку лица кои предизвикаа штета од 250.000 евра врз јавните добра и спомен-обележја.

Како што вчера објави МВР, овие лица со вандалско однесување нанеле значителна штета на јавниот имот и спомен обележјата кои претставуваат значајно културно наследство.

Конкретно, Павле Богоевски се товари за инцидентот кој се случи пред Министерството за култура кога освен што беше фрлана боја врз полицијата, беше оштетен и објектот на Министерството за култура, кој е изграден во 1927 година и претставува културно наследство заштитено со закон, пишува Журнал.

„Таканаречените „борци за демократија“ од граѓанското здружение „Протестирам“ оштетена е и скулптурата на македонскиот уметник Сашо Саздовски, поставена на влезот во зградата на Министерството, а осквернавени се и знамињата на Република Македонија и на Европската унија. Се прашуваме, дали ваквиот насилен однос кон културните институции во земјава и кон културното наследство кое го поседуваме како држава е алтернативата која ја нуди Граѓанското здружение „Протестирам“ и СДСМ за иднината на Македонија“, реагираа тогаш од Министерството за култура.

Ваквиот одраз на примитивизам, немањето основно чувство за сопствената култура и држава и почит кон културно историските споменици, како што се наведува, мора да бидат предмет на осуда на сите граѓани кои Република Македонија ја чувствуваат за своја татковина, како и на сите претставници на меѓународната заедница во државава кои се залагаат за почитување на културниот идентитет како една од темелните вредности на Европската унија.

Министерството за култура тогаш побара од Министерството за внатрешни работи во најкус временски период да ги спроведе сите потребни мерки за пронаоѓање на виновниците на, како што се наведува, ваквиот нецивилизиран чин.

„Против овие лица, согласно со Законот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а за инцидентот детално ќе се информира и Канцеларијата на Европската унија во Скопје“, реагираа од Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top