Ретки се промените на најпопуларната мрежа што корисниците ги прифаќаат како позитивни, но оваа е баш таква. Од неодамна на „фејсбук месинџер“ ви се достапни повеќе од 1.000 нови емотикони, а старите се променети.
Компанијата одлучи да го промени изгледот на сите „смајли“ достапни на социјалната мрежа, со цел истите подобро да го рефлектираат полот и бојата на кожата. Покрај во апликацијата за допишување, новите емотикони се гледаат и на десктоп верзијата на сајтот.
На корисниците на „месинџер“ сега им се овозможува да одберат различна боја на кожа за сите емотикони, слично како што тоа може да се направи од тастатурата на iOS уредите.
Инаку, новите „смајлиња“ се стандардизирани, па така на сите платформи тие ќе се покажуваат идентично.
Многу од новите емотикони се всушност женски карактери, со што „Фејсбук“ го дава својот придонес за полова рамноправност.
Од најпопуларната социјална мрежа истакнуваат дека со текот на времето нивните емотикони ќе станат уште поразновиднии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.