Сите го имаме прифатено фактот дека заштитата од сонце и заштитниот фактор се многу важни во нашиот секојдневен живот. Меѓутоа, многу од нас се уште веруваат во некои митови за тоа како треба да се користат овие производи за заштита на кожата.
Што треба да знаете за кремите со фактор?
1. Ако не се изложувате директно на сонце, не ви треба крема за сончање
Дури и ако не лежите на плажа, заштитен фактор и е потребен на вашата кожа. Штетните сончеви зраци се во допир со нашето тело и кога шетате, возите автомобил, велосипед…
2. Кремата за сончање потполно ќе ве заштити од сонцето
Дури и да нанесете крема со заштитен фактор 50+ нема да бидете заштитени од сонцето. Тие штитат од моменталната штетност на сончевите зраци, но не и од долгорочните ефекти како што е меланомот.
3. Сите креми за сончање се исти
Морате да се заштитите од UVA и UVB зраците. UVA зраците се оние кои длабоко пенетрираат во кожата и предизвикуваат долгорочни последици, а UVB се оние кои предизвикуваат изгореници на кожата. Внимателно прочитајте што пишува на вашата крема за сончање.
4. Не ви треба крема за сончање доколку ја има во вашата шминка
Не се потпирајте на заштитата од UV зраци содржана во вашата пудра. Нанесете крема со фактор пред да ставите шминка на лицето.
5. Ако ставите крема за сончање нема да потемните
Кремата заштитува од штетните зраци, но и понатаму можете да потемните.
6. Ако кремата за сончање е водоотпорна, значи дека нема да се измие после капење
Без разлика што пишува на пакувањето, морате постојано да нанесувате нов слој на крема.
7. На темната кожа не и треба заштита
Иако луѓето со светла кожа се повеќе подложни на изгореници од сонце, на сите им е потребна заштита без разлика на нијансата на кожата.
8. Во ред е да го користите шишенцето крема кое ви останало од минатата година
Ако користите стара крема, нема да има никаков ефект на кожата. Внимавајте на рокот на траење. Ако сте ја оставиле кремата директно на сонце или во близина на голем извор на топлина, се препорачува да купите нова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст