Управниот совет на Центарот за реструктуирање и продажба, одлучи 526.926 акции на Кончар-ЕИ во различни пакети да ги продаде на пензионерските друштва за над 360 милиони куни (над 48 милиони евра), по разгледување на сите 13 стигнати понуди за 20,49 проценти од државните акции во хрватскиот гигант.
Четирите пензионерски фондови, кои управуваат и со обврзните и доброволните пензиски фондови, понудиле откуп на 757.780 акции, што го надминало бројот на државните акции, но сепак Советот одлучил да им ги подели акциите ставени на продажба.
Четирите фондови заедни и пред оваа продажба поседувале повеќе од четвртина од акциите на „Кончар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.