Во полициската станица од општа надлежност „Кисела Вода“ денеска беа доделени нови решенија за распоредување на 228 полициски службеници, кои досега беа распоредени на работни места на подрачјето на СВР Скопје, односно надвор од нивното место на живеење.
Решенија ги врачија министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски, кои остварија и средба со раководството на СВР Скопје.
Полициските службеници отсега ќе имаат можност своето знаење и стекнато искуство да го применат на новите работни позиции кои се лоцирани во нивното место на живеење.
– Овие решенија се донесени согласно основните приоритети утврдени во Стратегијата за управување со човечките ресурси во Министерството за внатрешни работи, а со цел зајакнување на персоналните капацитети во регионалните Сектори за внатрешни работи, како и со цел запазување на економско-социјалниот аспект од живеењето на посочените полицајци, се наведува во соопштението од МВР.
Оттаму истакнуваат дека ќе продолжат со заложбите за јакнење на капацитетите на безбедносниот систем на Македонија, без разлика на предизвиците и ризиците со кои секојдневно се соочува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре