Здружението на граѓани „Младински образовен форум“ изразува несогласување и револт врз основа на објавениот напис во течетеното издание на „Република“, во кои на неморален и непрофесионален начин се пишува невистини за работата на здружението кои се штетно за честа и угледот на здружението.
Во објавениот напис на „Република“ на ден 27.05.2015 година со наслов „6.000.000 евра за платеничката војска на СОРОС“ изненсено е следното тврдење: „Така со 6 милиони евра фондации, СОРОС од организациите кои се на платниот список создаде војска за тероризирање на државата“, а понатаму во табелата користена во текстот е прикажана нашата организација.
Неточни се тврдењата дека наведените износи се доделени за „тероризирање на државата“. Средствата кои организацијата ги користи се доделени на повици и за проекти за младите во земјата преку информирање, едукација, дискусија и соработка. Работата на здружението е транспарентна и сите годишни извештаи се јавно објавени.
Вака претставените информации ја извртуваат вистината и покажуваат невистинита слика за нашата организација и работа.
Бараме демантот и извинувањето да бидат објавени во согласност со членот 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и тоа во рок од два дена од приемот на ова барање, на истото место, време и обем, како и натписите за кои ја доставувам оваа реакција.
Во спротивно ја користиме можноста да поднесеме тужба за утврдување на навреда и клевета, а согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст