| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Мурињо никогаш не стана тренер на Барселона?

gvardiola murinjo

Контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, во 2008 година беше и повеќе од сериозен кандидат за тренерската функција во редовите на каталонскиот гигант Барселона. Португалецот веќе имаше подолг престој на “Ноу Камп#, но прво му преведуваше, а потоа им беше и асистент на сер Боби Робсон и Луис ван Гал.

Сепак, во последниот момент предност доби Пеп Гвардиола, а Мурињо по неколку години беше именуван за предводник на Реал (М) и на тој начин започна големото ривалство со трофејниот шпански стручњак.

Беше тоа борба помеѓу искусниот и успешниот тренер, но и контроверзниот, односно талентираниот човек кој одлично го познаваше клубот, но го немаше потребното тренерско искуство, напиша во својата книга еден од тогашните членови на Управниот одбор на Барса, Феран Соријано.

Соријано и останатите членови на УО составиле план од девет точки кои биле пресудни при изборот на новиот тренер, но Мурињо паднал на една точка.

Тренерот е претставник на клубот и мора да дејствува многу внимателно во секој момент. Мора да го почитува противникот, судиите и останатите институции. Не смее на негативен начин да ги искористи медиумите или да биде контроверзен во односот со медиумите. Треба да се фокусира само на својот тим и на играта на неговиот тим, пишува Соријано.

Поранешниот член на УО на каталонскиот гигант ја откри единствената разлика помеѓу Гвардиола и Мурињо, кои во новата сезона ќе бидат предводници на големите градски ривали од англиската Премиер лига, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

Гвардиола преферираше работа со помала група на фудбалери, имаше 14 или 15 играчи и затоа никогаш немаше некаков проблем, нетрпеливост помеѓу фудбалерите. Мурињо имаше сосема различна стратегија од таа на Пеп. Тој сакаше да работи со поголема група на фудбалери и затоа имаше толку тешка задача. Требаше да го контролира егото на сите фудбалери, откри Соријано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top