| четврток, 6 декември 2018 |

Договор по заслуга, Итудис уште три години на чело на „армејците“

dimitris itudis 1

Тренерот на кошаркарскиот гигант и европски шампион ЦСКА Москва Гркот Димитрис Итудис ги предводеше „Армејците“ до седмата круна во најелитното кошаркарско клупско натпреварување, па си заработи нов договор. Сосема заслужено, тој денес стави потпис на нова тригодишна соработка со најтрофејниот руски клуб ЦСКА Москва. На кормилото на ЦСКА дојде во 2014 година, а со неговите совети покрај аут-линијата, кошаркарите победија на 120 натпревари од 135 одиграни.

– Среќен сум што ја продолживме соработката и же продолжиме да работиме заедно и во наредните три години. Горд сум на клубот во кој работам и на луѓето со кои работам. Сакам да им се заблагодарам на сите и да им честитам на успесите кои досега ги остваривме. Возбудени сме за новите предизвици, гладни сме и жедни за нови победи верувам исто и тие што нè бодрат. Возбуден сум и за создавање на нови генерации што ќе играат во иднина за клубот и ќе ги бранат титулите – истакна грчкиот стратег по продолжување на договорот.

dimitris itudis

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top