Премиерот Емил Димитриев денеска ја посети Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој каде што оствари средба со менаџментот на која се разговарало за тековните активности и за идните планови на Агенцијата. Димитриев истакна дека се разговарало и за субвенциите, по што е констатирано дека по одлуката за одложување на изборите може да се продолжи со исплата на истите.
-Од понеделник Агенцијата ќе ги достави налозите до Министерството за финансии за исплата на субвенциите. Разговараме и во делот на програмата за руралниот развој што се однесува за набавка на нова современа механизација за земјоделците, во делот на финансирање проекти од рурален развој по градовите и селата. Во овој дел, минатата година се финансирани вкупно 221 проект кои се во тек на изградба. Исплаќањето оди согласно градежните состојби и во тој сегмент Владата преку Агенцијата ќе продолжи со поддршка за општините бидејќи сметаме дека инвестирањето во руралните средини има импакт и на развојот на државата, посочи премиерот.
Тој додаде дека на средбата се разговарало и за максимизирање на искористувањето на средствата од програмата на ИПАРД, начинот како да се вклучат и другите институции од секторот на земјоделството.
Директорката на Агенцијата истакна дека максимално им стојат на располагање на земјоделците и нивните интереси. Се работи на модернизација на системите за аплицирање, а оваа година првпат е воведено електронско аплицирање за субвенции.
-До денес имаме 40.000 апликации за субвенции, обично на годишно ниво добиваме околу 75.000 апликации. Рокот за аплицирање е уште еден месец до крајот на јуни, така што очекуваме сите оние земјоделски стопанства што редовно аплицираат да ја поднесат апликацијата – посочи Билјана Вуковиќ.
Владата останува силно фокусирана на поддршка на земјоделието и во иднина ќе продолжи со континуирано зголемување на сите програми и мерки кои значат развој на оваа област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст