| четврток, 6 декември 2018 |

Ако не може на доматите, заштедете на заштитата – направете сами крем за сончање

Изложеноста на сонце е еден од факторите кои го зголемува ризикот од оболување од рак на кожата, и затоа експертите препорачуваат редовно да нанесувате крема за сончање.

Еве што е потребно за да си направите домашен рецепт за крема за сончање а со тоа да заштедите пари и да добиете поголем квалитет од природни производи.

– ½ бадемово и маслиново масло

– ½ кокосово масло

– ¼ филџан пчеличен восок

– две лажички цинк-оксид

Припрема:

Во стаклен сад ставите ги сите состојки освен цинк-оксид. Во шерпа од средна величина ставете малку вода да се загрее. Стаклениот сад со состојките ставете го во шерпата со вода, за да се стопат состојките.

Повремено промешајте, а кога целосно ќе се соединат, тргнете го од шпоретот, во смесата додајте го цинк-оксидот и повторно промешајте да се соедини смесата. Можете да додадете и есенцијално масло, за кремата да има подобар мирис.

Инаку цинк-оксид е минерал кој го одбива штетното зрачење на сонцето и тоа е главната состојка за сончање.

Треба да знаете дека оваа домашна крема не е водоотпорна, па по излегувањето од вода ќе треба повторно да се намачкате. Според овој рецептм направената крема за сончање има заштитен фактор 15, а доколку ставите повеќе цинк оксид, заштитувањето е уште поголемо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top