Поплавите во Париз се очекува во текот на денот да достигнат највисоко ниво, а водостојот на Сена ќе биде на шест метри над нормалното ниво.
Временската прогноза предвидува нови врнежи од дожд во главниот град на Франција, како и во другите делови на државата, поради што се очекува францускиот претседател Франсоа Оланд да прогласи елементарна непогода во поедини делови на земјата, што ќе ослободи средства од фондовите за итни ситуации. Париз се смета за едно од најпогодените места.
Заштитни мерки се спроведуваат во целиот град на брегот на Сена, која ги проби насипите на неколку места. Лувр и Орсеј се затворени превентивно, а околу 25.000 луѓе во поширокиот реон на градот останаа без струја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи