Турција го повлече својот амбасадор од Берлин откако Бундестагот денеска ја усвои резолуцијата за геноцидот врз Ерменците од 1915 година, јави агенцијата Анадолија. Турскиот заменик премиер Хуман Куртулмус претходно ја отфрли одлуката на Бундестагот, изјавувајќи дека Турција не ја признава оваа одлука.
-Тоа е тема со која треба да се занимаваат научниците, историчарите, а не политичарите или парламентите. Турција на секоја платформа и во секоја прилика ќе одговори на оваа одлука – рече Куртулмус.
Прифаќањето на низата погрешни наводи, како што кажа, и нивното карактеризирање како геноцид во Парламентот на Германија е оценето како историска грешка, пренесува Анадолија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека одлуката на Бундестагот сериозно ќе се одрази врз односите меѓу Берлин и Анкара, јавија светските агенции.
Застапниците во германскиот Бундестаг со мнозинство гласови ја усвоија резолуцијата за настаните од 1915 година, во која го вклучија и изразот геноцид.
Нацрт резолуцијата, што ја подготвија членовите на владеачката коалиција на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) како и опозициската Партија на зелените, ја поддржа и партијата Левица.
Повеќето пратеници на ЦДУ, меѓутоа, не присуствуваа на гласањето.
Претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт, во обраќањето пред гласањето, истакна дека Парламентот не е суд, но дека секако нема да бега од одговорноста.
– Владата на Турција не е одговорна за настаните од пред 100 години, но е одговорна за тоа што ќе биде во иднина, рече Ламерт.
На денешното гласање во Парламентот не присуствуваше ниту канцеларката Ангела Меркел, како ни нејзиниот заменик и претседател на СПД, Зигмар Габриел, ниту министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер.
Еден пратеник на ЦДУ на гласањето беше против, а еден воздржан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст