| четврток, 6 декември 2018 |

Најверојатно Јанева нема подготвено нов случај за оцрнување на власта

Specijalno obvinitelstvo katica janeva lence fetai (14) (Custom)

Дознаваме дека најверојатно помпезно најавуваниот прес на СЈО не е отворање на нов случај, туку произнесување за повеќе актуелни теми. Изгледите се дека Катица Јанева нема подготвено нов случај за оцрнување на власта. Последните препораки и совети кои Јанева ги добила оделе во насока на тоа дека премногу повлечено ја следела целокупната политичка состојба во државата и не презела доволно иницијатива во однос на ставовите истакнати од СДСМ. Според информациите до кои дојдовме, насоките кои ги добила Јанева биле поагресивно да тргне против судовите, претседателот Иванов и против ВМРО-ДПМНЕ.

Најавената прес-конференција која проопозициските медиуми ја протнуваат како голем спектакал многу е веројатно да биде уште еден политички настап на Јанева, во кој таа ќе се потруди да му потпомогне на СДСМ во градењето на позиции во политичката борба. Јавна тајна е дека прес-конференциите на СЈО се со политички мотиви, а многу малку се посветува внимание на фактите и доказите. Практично  прес конференција на СЈО ќе се сведе на уште еден политички смут на СДСМ, за што веќе Катица добила насоки и сугестии од одредени центри.

Бидејќи темата аболиција остана дефинитивно непосакувана тема за Заев, кој остана единствениот политичар кој е аболиран за случајот „Глобал“, тој сега преку Катица Јанева сака повторно да ја актуализира, откако Иванов донесе одлука за дебаолиција на политичарите. Впрочем  Јанева утре ќе побара деаболиција за останати случаи кои не беа опфатени со последната одлука на Иванов, со што практично директно ќе завземе страна иста како и СДСМ. Постои можност за повлекување на аболицијата по сопствено барање на засегнатите, а досега таа можност не ја искористи никој од посочените лица, вклучително и обвинетите во пуч Ѓорги Лазаревски и Ѕвонко Костовски.

Од друга страна, Катица Јанева е свесна за недемократските и незаконски методи на дејствување кој ги користи во постапувањето како што се сведоштвата и изјавите за заплашувања на потенцијалните осомничени, уценувањата, изнудувањата на изјави, понудите за спогодба, злоупотребата на структури на полицијата  во прибавувањето на докази, како и нееднаквото постапување и небалансиран третман на превземаните случаи од основното обвинителство.

Токму затоа Јанева свесна дека нема да вродат со плод ваквите методи и дека постои сериозна шанса за тоа да се покрене постапка против СЈО, таа ќе бара создавање на пособен суд, или најмалку специјално оделение во судот кое ќе постапува по барањата на СЈО. Иако ова нејзино барање е целосно неуставно и ќе преставува груб атак врз судскиот систем создавајќи параинституција, Катица ќе се обиде да ја протне идејата на мала врата и со подршка на центирте од кои добива сугестии и совети за своето делување.

Исто така многу веројатно прес-конференцијата Катица ќе ја искористи и за правдање и отфрлање на темната дамка околу платите и хонорарите во СЈО кој се движат од фрапантни 2500 до 3 00 еврамесечно со што СЈО Катица и обвинителките се најскапопалтените обвинители а веројатно и државни службеници во Република Македонија. Додека структури во судтвото штрајкуваат за плати, специјалното обвинителство инкасира илјадници евра месечно. За сметка на тоа досега немаат процесиурано обвинение и длабока стагнација на случаите кои не се во корист на СДСМ и Заев како Пуч и поктуп. Исто така, тенденцијата на Катица била да се пролонгира работата на СЈО и нејзиниот мандат барајќи изговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top