Државниот инспекторат за земјоделство интензивно ќе работи на спроведување на обврските што произлегуваат од над 30-тина закони со кои е регулирана сферата на производство на храна.
Ова беше посочено денеска на состанокот на инспекторите од југозападниот дел на Македонија со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски.
Какао што информираат ова е особено значајно кога сме во фаза на подготовка за жетва на есенските култури, но и поинтензивна примена на заштитни средства во овоштарството и градинарството кое е најзастапено во овој регион.
Во наредниот период инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство поинтензивно ќе бидат ангажирани во делот на рибарството и аквакултурата што е обврска на оваа институција.
Трипуновски денеска го проследи извршувањето на концесионерскиот договор во риболовната зона која е дел од ХЕЦ „Глобочица“ во објектот Далјан кај Струга, каде што се врши стопански риболов на јагула.
Концесионерот „ Летница-Белвица“ – од Струга го информираше директорот за минатогодишниот стопански риболов на јагула што се проценува за над 400 килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст