| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ се радикализира: викендов ќе ја блокираат „Богородица“!

grcija-odmor

 

Длабоко навлезени во омилениот филм на блокади и бојкоти, СДСМ ќе го блокира и граничниот премин „Богородица“, соопшти партискиот гласноговорник и станопоседник Петре Шилегов.

„Ќе ја блокираме цела Македонија. И онака веќе подолг период, една деценија де, ги блокираме евроатлантските интеграции, а го блокираме и економскиот напредок на државата и ја држиме во заложништво. Станавме зависници од блокади, па сега кога решивме скроз да се радикализираме, прво  одиме на Скопје, а викендот ќе ја блокираме „Богородица“.  „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ нема, пошто не ни се уз пут толку“ – гордо најави режимскиот профитер.

Извори на „А1, оф!“ од екс Бихаќка пренесуваат дека на оваа радикализација, СДСМ се решиле во силна паника, предизвикана од се’ помалиот број учесници на протестите. Топлото време ги поколебало екс директорите, сега пензионери од времето на Бранко, како и старите транзициски користољупци, нивните синови и ќерки веќе заминале на одмор, а внуците биле во филм на детално планирање кој дел од Барселона или Малта да го освојат летово. ЛГБТ заедницата, пак, неделава имала јака дешавка и меѓународен собир во Брисел. Ќе спиеле кај Ван Хауте.

За да превенираат протести со два-тројца фарбачи- идеалисти, СДСМ се решиле со по 5-6 души на раскрсници, потенцијални кандидати за корисници на фондот на Сорос, да го блокираат Скопје. Башка, пикапот со кој превезуваа боја е запленет, а на Заев и Шилегов не им  се давале Аудињата од 80-100.000 евра за да носат поликолор и кондоми. И Вицето не го дал Поршето, а Рада одбила да го даде џипот што го нема. Истото се случило и џиповите на Царовска и останатите пролетери, кои не сакале шарената „револуција“ да им капе по гепеците.

„Да се фарбаат споменици на херои, деца бегалци, борци и основополжници на нацијата е о.к., ама со таа боја да ми фарбаат ауто-ентериер, јок, не бива!“ – остро возвратил на барањето член на Извршниот одбор на партијата, пренесе професионалната ТВ „Селма“, која се’ уште бара правен начин како да ги избрка несоодветните новинари, а тоа да не ги удри по џебот.

„Уште два дена издржете со боите и блокадите, само 72 часа остануваат, па од сабота ќе блокираме „Богородица“ со џиповето и лимузините“  – ги бодрел лидерот Заев, иако тој најмногу милувал границата да ја минува пешки.

Објаснувањето на нивните стратези Ван Хојте, Геро, Милчин и Најчевска  било дека нема ништо срамно што револуционерите секој викенд се во Грција. Морската вода, особено во Егејското, башка и Јонското море, според сите научни испитувања, споведени од академиците – хемичари од МАНУ по беспоговорно барање од нивниоот прецедник  на МАНУ и нивни екс миниситер,   биле најдобар начин револуционерите да ги исперат боите наталожени прскањето на фарбата во работната недела.

Од друга страна, економска оправданост на чинот нашол и Кире Наумов, кој со научно експозе објаснил дека и така, револуционерите мораат да ги потрошат парите некаде, а Грција била одличен избор – се’ само да не се трошат во Македонија, со што би се придонело во јакнењето на денарот и би се стабилизирал банкарскиот систем кои тие се обидоа да го урнат пред месец и половина.

„Шарени револуционери од цела Македонија, обединете се! Во Грција, викендов, нормално…“ – ова  е новото, искрено викенд мотивациско мото на шарените пролетери, кои уште од сега ги гланцаат џиповите и лимузините и се подготвуваат за јака журка во нережимска Грција.

olafОлаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top