Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска одржа состанок со производителите на пченица од повеќе земјоделските здруженија.
– Целта на состанокот беше да се разгледа моменталната состојба и сите прашања за поуспешен откуп на пченицата од претстојната жетва, со оглед на тоа што се очекува оваа производна година да биде исклучително поволна и натпросечно родна. Од насеаните 80.000 хектари или скоро 10.000 хектари повеќе од лани, се очекува да се оствари производство од околу 240.000 тони што е за околу 25 отсто повеќе од 2015 година, информира МЗШВ.
Поради поголемите приноси и малите сместувачки капацитети на земјоделците, министерот Цветков ги информирал земјоделците дека министерството ќе формира тим кој ќе ги посети поголемите силоси во земјава со цел да се согледаат реалните можности за складирање на пченицата.
По направените анализи, како што се наведува, договорено е во текот на идната недела да се одржи уште еден состанок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст