Три лица се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што денеска околу пладне се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Требеништа.
До несреќата дошло при директен судир на две патнички возила, на место каде што во тек се градежни активности околу изградбата на новиот автопат.
Засега нема информации за идентитетот на повредените, освен дека сите тројца се префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.
Причините за несреќата ќе ги утврдува истрагата, а во моментот во тек е увид на лице место. Повеќе информации во врска со несреќата се очекуваат подоцна во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст