| четврток, 6 декември 2018 |

Кафуле во Белград ќе чести за секој примен гол на Албанија и на Хрватска

dron

Кога немаш твоја репрезентација, тогаш навивај против другите. Србите најдоа начин како да си го направат интересно Европското фудбалско првенство во Франција и да навиваат иако нивната репрезентација не игра на шампионатот.

Белградскиот „Ролинг барел паб“ на гостите во локалот ќе им даде пет отсто попуст за секој гол што ќе го примат Хрватска и Албанија. А, доколку, пак, Русија по некоја случајност го освои првенството, тогаш гостите ќе добијат бесплатна тура водка.

Српската фудбалска репрезентација цели 16 години ја нема на европските првенства. Последен пат Србите играа на ЕП 2000 во Белгија и Холандија.

kafule

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top