| четврток, 6 декември 2018 |

Верижен судир на „Илинденска“, две лица завршија во Ургентен

verizen-sudir-640x480

Фото: Курир

Две лица се пренесени во Ургентниот центар по верижен судир кој околу 11.50 чсот се случи на крстосницата на булеварот „Илинден“ и на улицата „Аминта Трети“.

verizen-sudir-1-640x480

Од МВР за „Курир“ велат дека во несреќата учествувале четири возила, „доган“, БМВ, „форд“ и „алфа“ сите со скопски регистарски ознаки.

Засега нема информации за карактерот на повредите на лицата, а полицијата сè уште врши увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top