Македонска опера и балет оваа сезона ја затвора на 8-ми јуни со изведба на модерната балетска претстава „Црвената соба“, во кореографија на Игор Киров, а настапуваат првенците и дел од ансамблот на балетот при МОБ. По премиерната изведба на 27-ми Април во чест на светскиот ден на танцот, ова е второ претставување пред нашата публика.

Годинава сезоната се затвора нешто порано, поради најавената реконструкција на гледалиштето во МОБ.
-Свесни за постоечката ситуација, а со цел на нашата публика да и овозможиме поголема удобност и акустика, во соработка со Министество за Култура на Република Македонија, на 10-ти јуни започнуваме со целосна рекострукција и веќе во септември е предвидено да бидат изведени првите претстави во новиот салон. Воедно, и фоајето на МОБ ќе добие свое освежување – изјави Игор Дурловски, директор на МОБ.

-Пред два дена го одбележивме и крајот на овогодинешните Мајски оперски вечери, за кои, без и малку скромност можам да кажам дека ги надминаа сите наши очекувања како во однос на репертоарот кој беше двојно зголемен, така и во посетеноста од страна на публиката, што се одрази со рекордна посетеност и продажба на билетите, додаде Дурловски.
И воедно, во име на МОБ, сакам да ви се заблагодарам на сите вас кои медиумски ни помогнавте во најавата на овие МОВ, и најголема благодарност до нашата публиката за сета поддршка, бидејки ние токму за вас работиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Балетската претстава „Црвената соба“ вечерва на сцената на МОБ
-
„Црвената соба“ во среда во Македонска опера и балет
-
Паднаа во вода шпекулациите на некои медиуми: Дурловски е дел од „За заедничка Македонија“


