Профитабилни флоскули, политички автогол и изживување врз фасадите и спомениците во главниот град – се главните “историски” настани кои ќе го одбележат Постпржинскиот период на македонската политичка сцена… Како резултат на “политичкото” дејствување на СДСМ и “шарената маскарада”…
Реалните, суштински анализи на целокупните случувања во државата (граѓаните прават свои!), точно посочуваат на оправданоста на одредени постапки на опозицијата како иницијатор на целокупната политичка шарада, на начинот на изведување на нејзиното или чие и да е сценарио(?!), но и на однесувањето и реакциите на позицијата! Излегоа на виделина в/п/редностите и недостатоците и на едните и на другите! Правејќи една таква анализа, сумарно, позитивните поени се на страна на позицијата, се допаѓало тоа некому или не!
Во целиот политички хаос што СДСМ и поддржувачите го создадоа (и сеуште го одржуваат по скопските улици), позицијата, владејачката партија заедно со претседателот Иванов, прво и многу битно, одиграа силно позитивна, ефикасна улога во бегалската криза, ја заштитија државата од можни несакани последици, во време кога европските држави сеуште лутаа во изборот на соодветни решенија, “затечени” од масовниот наплив на мигранти на свое тло… (Тука значајна улога одигра и поддршката на Македонија од Австгрија, Унгарија, Чешка…! И признанијата за Македонија не изостанаа!
Од друга страна, Владата продолжи со планираното темпо на реализација на својата програма (предизборна, 2014), не запоставувајќи ниту еден општествен сегмент! Посебно признание за довербата во нејзините економски и други политики е продолжувањето на трендот на нови инвестирања, или проширување на веќе изградените капацитети во земјава од страна на странските инвеститори!
Осврнувајќи се на целокупната ситуација, и барања што произлегоа од Пржино, и во постпржинскиот период, власта обелодени дека е започната интензивна реализација на агендата на итните реформски приоритети, со вклучување на сите релевантни фактори… Ова е воедно период на согледување и на сопствените, реалните слабости во работата, на кои никој, а и ниту една влада не е имуна! Поголема одговорност и посветеност на поединци во одредени, пониски ешалони на власта, чие однесување значајно влијае на квалитетот на животот на граѓаните…
“Пржино” и Пост-Пржино ја расчистија политичката магла во Македонија! Ги дадоа одговорите на повеќе суштински прашања – а произлезе и најважното, функционално решение за државата – враќање на регуларните (според изборната волја) министри во Владата – враќање на политичката Влада, како регуларен облик на владеење во едно демократско општество. Сето ова, е своевиден, логичен крај на незаконските, нерегуларни, а со самото тоа и нефункционални решенија наметнати во претходниот период под изговор – “решавање на демократските проблеми” во државата… според опозицијата.
Исходот од повеќемесечното политичко насилство таков како што е – беше неизбежен… И е голема потврда за неисправноста на генералната политика на СДСМ! Наместо активна политика на позитивни идеи, реални предлози, постапки – тие одбраа до власт да дојдат на нелегален начин! Со реторичко непризнавање на регуларни избори и практикување на апсолутен нихилизам базиран на сопственото политичко слепило.
Неподготвеноста, поточно, неспособноста на оваа генерација СДСМ-политичари за справување со политичките предизвици во државата, посебно до израз дојде во пост-пржинскиот период:
- Самите си го поништија она што го “постигнаа” на незаконски, непринципиелен начин со помош на меѓународната заедница, пред сè ЕУ! (На ЕУ ѝ “досади” опозицискиот протестантски хаос во услови на сопствена загрозеност од бегалската мега-криза…)
- Стекнатото – учество во т.н.Tехничка влада (благодарение на “Пржино”) го прокоцкаа… Навиката да ги игнорираат законите ги чинеше губење на добиените министерски места, дополнителни министри, и “сè она што оди со тоа”… Непромислено дадените “условени” оставки (со перфиден уценувачки карактер?!) не ги повлекоа пред да се распушти Собранието, но, тешко им падна нивното констатирање според законските норми… по активирањето на Собранието. Класичен политички АВТОГОЛ! А, опозициските “советници” незадоволни од развојот на настаните и вообичаено игнорирајќи ја вистината и фактите – веднаш се огласија со непринципиелна критика: – повлекувањето на опозициките министри бил нов удар на Пржинскиот договор?! (Всушност, ЕУ и САД – не реагирајќи на неодговорното однесување на опозициската страна придонесоа за девалвација на Пржинскиот договор, и негови значајни елементи. Некоректното политичко однесување на СДСМ “не сакајќи” го подржаа (и) домашни странски амбасадори… ја напаѓаа власта, а ги толерираа незаконските постапки на СДСМ и неговиот лидер…)
Целосно погрешни проценки на СДСМ, можеби и на некој друг? Доказ за неискреност, недостаток на желба или способност за соодветни анализи на политичките потези на актерите на политичката сцена, а пред сè, на сопствените чекори!
Политичкото дејствување на СДСМ подолго време базира на перфидни постапки, ама перфидноста не е доблест за каков било, па и политички “хепиенд”!
- Од раце го испуштија најважното – учество во реалната ВЛАСТ и можноста да имаат “сè на увид”, и со доследност и коректното работење да придонесеа кон целта заради која беа “внесени” во власта – организирање на демократски избори! (Чиниш – не ни беа такви изборите и досега; според СДСМ, демократски избори ќе бидат оние на кои тие сигурно би победиле?! Под услов – да не учествува ВМРО-ДПМНЕ – особено Груевски?!) Според севкупниот впечаток од нивното дејствување, нивна основен и најголем проблем (на СДСМ) е – нивната концепција за добивање на Избори! Плус, времето – кога тие би се одржале? Бараат брзи избори… а два термини договорени заедно со “меѓународната”, пре-скокнаа – протестирајќи по улиците…
- Нечии телефонски /прислушувани/ разговори треба да бидат пресуден (реторички!) фактор за намалување на популарноста на власта кај народот – а за истиот процент – да го зголеми својот (СДСМ) углед! Уште, да ни беше толку неук народот?! (Секој од нас барем еднаш во животот “убил” некого по телефон… и, сл… И?)
- Лажните, шпекулативни изјави за економска пропаст на државата, како она со измислената девалвација на денарот што граѓаните ги чинеше лични загуби, се последица на нивната глупава политичка игра, повторно во насока на девалвација на власта, на политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ, со стрели секогаш упатувани кон нивната главна цел – стамениот Груевски!
- На безграничната глупост – да ги игнорираат или омаловажуваат сите создадени нешта во државата! (Да можат би ги направиле невидливи сите нови /или реконструирани/ државни објекти, болници, училишта, студентски домови, градинки, патишта, зданија; спомениците, парковите… значајните реформски зафати и унапредување на функционирањето на институциите – со децении претходно запоставени!
- Наслонети на СЈО… цело време чекаат некакво испорачување… така, јавно кажа нивниот лидер… елиминација на политичкиот конкурент… Па, да одат на избори… Ама, ќе биле идеолошки-компактни… па што… “нивните /избори/ нема да се исти” како тие што требаше да се одржат на 24 април, или – на 5 јуни, според – Пржино… оние, од кои из-бегаа… а, притискаа да не се одржат, ќе биле еднопартиски, избирачите ќе немале “избор”???
Пржино е “нивно”, “Прибе-Извештајот” од нив стокмен… сè е од нив и заради нив… ама – пак не (им) оди работата! А, како ќе биде тоа кога опозициската (СДСМ) “лидерска елита”, наместо со реални политички активности, заедно со поддржувачите и разните “невладини” и понатаму продолжува да делува по скопските улици… како “колористи”…
…заради компензација на политичките промашувања и неконзистентноста во периодот пред и по распуштањето на Собранието… но и на целокупната своја погрешна политика кон државата и народот!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст