| четврток, 6 декември 2018 |

Нови мерки за самовработување

samovrabotuvanjeeСо цел да се здобие потребното знаење, за понатаму да се зголемат шансите и да се успее во намерата да се добие посакуваното работно место, Агенцијата за вработување нуди нови мерки. Распишан е нов јавен оглас за мерката што редовно ја поттикнуваат, а тоа е практикантството што ќе биде наменето за млади лица до 29 години.

Оттаму велат дека сите невработени лица што активно бараат работа и имаат минумум средно образование можат да аплицираат и да се стекнат со посакуваните вештини.

-Мерката овозможува три месеци практика кај некој приватен работодавец. Воедно го повикуваме и работодавците да аплицираат за оваа мерка, доколку сакаат да добијат практиканти. Потоа работодавците определуваат ментор и програма што ќе се практикува за време на тие три месеци – велат од Агенцијата за вработување за ТВ Нова.

Агенцијата годинава како свој новитет претстави и 1000 обуки за основно познавање на странски јазици – германски, англиски, француски, како и обука за стекнување на комјутерски вештини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top