| четврток, 6 декември 2018 |

Платеници од Србија кои се на црни листи на странски држави тренираат луѓе од Соросовите организации

zurnal slikaНе е никаква тајна дека 6 милиони евра си поделиле Соросовите организации за хонорари, плати и пари кои ги свртеле за стотици платеници кои сега се дел од Шарената револуција. Но, хонорарите за правење штета кои што СДСМ го претставува како дел од наводна шарена револуција, која во суштина е длабоко кормпирана и платеничка, е само еден дел од целиот зафат, другиот дел е најмувањето странски платеници кои доаѓаат од странство и тренираат и вршат обука во Соросови организации.

Порталот „Журнал“ пренесува дека повеќе организации кои се на платниот список на Сорос во изминатиот период организирале токму обуки и тренинзи во кои се разглобувале насилни сценарија и ескалации на улици. Таквите обуки ги вршеле лица кои се од странство, типични платеници кои за пари имаат професија за креирање конфликти и нереди. Неодамна се објави дека организацијата КАНВАС, која во некои земји е прогласена за терористичка организација, и официјално ја стави Македонија на нејзината мапа на дејствување.

Еден од таквите платеници е лицето Стеван Дојчиновиќ дел од организацијата КРИК кој е виден во Скопје заедно во придружба на други две лица кои одржувале обуки во Соросовата невладина организација Центар за граѓанска комуникации, чиишто, пак, раководни лица се дел од аферата платеничка револуција и претходно аферата новинарска „Фабрика“ Герман Филков и Сабина Факиќ. За потсетување новинарот Герман Филков имал милионска заработка, односно во 2014 година од Центарот за граѓански комуникации добил 1.354.022 денари, а минатата година 1.420.425 денари. Сабина Факиќ, пак, добила 1.328.172 денари. Нивната улога главно се состои во пишување негативни извештаи за медиумите, нивно оцрнување и креирање на поделби, како што Заев посочи борба против најголемите непријатели, оцрнувајќи огромен дел од медиумите, за што и Филков и Факиќ добивале пари.

Обуките на Српскиот државјанин Стеван Дојчиновиќ биле вршени на почетокот на мај во Скопје. Но, уште пофрапантна е информацијата кој, всушност, е сдсмовскиот пулен и тренинг мајстор Стеван Дојчиновиќ?

Српски Информер пред само 3 месеци пишува дека Стеван Дојчиновиќ, кој се преставува како врвен спрски истражувачки новинар, освен тоа што се доведува во врска со наркотрговија и бил близок соработник со наркодилерот Воислав Јениќ, соработува и со повеќе разузнавачки служби. Српски  Н1 (N1) пишува дека Дојчиновиќ е прогласен за непожелна личност и му е забранет влез во Русија поради преземање активности кои би можеле да се поврзат со криминално-терористички дејства.

Ваквите класични платеници роварат и во Македонија во поддршка на платеничката револуција на СДСМ. Дојчиновиќ, според информации на „Журнал“ од лица кои непосредно биле присутни, разглобувал тактики и говорел за вештини за полесно справување во конфликти ситуации, коруптивни бележења и слични детали.

Дека доаѓањето на ова криминогено лице не е случајно, говорат и нашите информации дека истиот тој Стеван Дојчиновиќ во Македонија не доаѓа првпат за вакви активности, туку тој за вакви и слични активности доаѓал и лани и во 2014 година што целосно се поколопува со периодот на почетокот на политичката криза во државата креирана од СДСМ и Соросовите организации.

Со ова само се поткрепува тезата дека СДСМ посегнува по секакви недемократски методи и водење специјална војна, преполна со лаги, манипулации и платеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top