По освојувањето на Лигата на шампионите, на Кристијано Роналдо му е понуден нов договор да остане во Реал, а од „кралскиот клуб“ си заминува Џејмс Родригез, пренесуваат шпанските медиуми. Според „Ел Конфиденсијал“, „кралскиот клуб“ му понудил договор до 2020 година на Португалецот кога тој ќе наполни 35 години. Кога ќе се одбијат даноците, Роналдо од овој нов договор со клубот ќе заработи 60 милиони евра. Ако остане во Реал до крајот на договорот до 2020 година, тогаш Португалецот ќе има повеќе од една деценија стаж во „кралскиот клуб“.
За разлика од Роналдо кој сигурно останува во Мадрид, на излезна врата од Реал е Џејмс Родригез. Колумбискиот фудбалер целосно испадна од ротацијата и, според шпанските медиуми, веќе е ставен на трансфер листата. Отштетата за „десетката“ на Реал изнесува 80 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент