| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган не ѝ верува на војската, неизбежен е воен преврат

tur

Состојбата во Турција постепено станува се полоша и полоша. Приватниот долг се заканува да излезе од контрола, туризмот никогаш не бил полош, а турската валута паѓа. Протестите во Гези во 2013 година, претседателските избори во 2014 година и парламентарните избори во 2015 во голема мера ја притиснаа турската економија.

Турскиот годишен раст кој со децении имаше просек од околу 4,5 отсто во изминатите четири години падна на три отсто. Економистите предупредуваат дека одложувањата на структурните реформи и економски планови на Ердоган ја туркаат државата во криза.

Камил Јилмаз, професор по економија на Универзитетот Кок вели дека Турција има пад во економијата бидејќи не ги примени структурните реформи.

– Инвестициите паднаа на нула поради политичките превирања во изминатите три години, а идниот пад на економијата под моменталните услови е неизбежен, вели тој.

Ердоган не ѝ верува на војската

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган како да е надвор од контрола. Тој ја напаѓа опозицијата, ги апси противниците и ги цензурира медиумите. Тој во повеќе наврати се закануваше дека ќе го распушти уставниот суд. Сето тоа се случува во момент кога Турција се соочува со сериозни безбедносни проблеми поради тероризмот. Поради овие настани турската војска повторно се појавува на политичката сцена по долги години на маргинализација под власта на Ердоган.

Така на пример, воениот врв на Турција е против праќањето на турска војска во Сирија и Ирак. За потсетување, египетската војска е таа која го спречи уништувањето на Египет во моментот кога американскиот претседател Барак Обама се одлучи да го поддржи Муслиманското братство. Исто така и во 90-тите години алжирската војска го спаси Алжир од крах. Сегашниот претседател на Турција никогаш не и верувал на војската и секогаш ја гледал како закана по своите назистни империјалистички амбиции.

Наспроти тоа, претседателот поради војната во Сирија и актуелните акции против Курдистанската работничка партија (ПКК) во југоисточниот дел на државата, се помири со тоа турската војска повторно да стане влијателна сила.

Воениот преврат е неизбежен

Мајкл Рубин, експерт од Американски претприемачки институт и поранешен функционер во Пентагон верува дека воениот преврат во Турција е неизбежен.

– Турците и турската војска се повеќе почнуваат да сфаќаат дека Ердоган ја води Турција во пропаст, рече тој. Рубин истакна дека верува оти турската војска може да го симне Ердоган од власт и неговиот елитен круг и да се извлече со тоа. Тој вели дека е малку веројатно оти Администрацијата на Обама ќе осуди каков било преврат, посебно ако постои шанса да се воведе демократија. Турската војска долго себеси се смета за „чувар на турската демократија‟. Сметајќи ја својата држава за секуларна уште од времето кога ја основа Мустафа Кемал Ататурк, војската директно интервенираше во турската политика во 1960, 1971 и 1980 година. Таа во 1997 година спроведе „постмодерен преврат‟ кога де факто ја принуди Владата да го напраби тоа што мора. Пред неколку недели во Турција дојде до „преврат во палатата‟ откако премиерот Ахмед Давутоглу одлучи да се повлече од својата позиција. Критичарите на Ердоган наведуваат дека тоа се случи бидејќи претседателот сака да ја зацврсти власта.

Расте влијанието на војската

Зголеменото влијание на турската војска создава голема загриженост дека Ердоган може да биде симнат од власта. Американските воени и дипломатски претставници веруваат дека за зголемениот раст на влијанието на турската војска е одговорен турскиот генерал Хулуси Акар.

Сега веќе поранешниот премиер Давутоглу само неколку дена пред отстапувањето од позицијата се сретна со Акар и воениот штаб на Турција. Случајност или не? Турција дефинитивно се наоѓа на крстосница и време е за промени. Вака или така, Ердоган наскоро ќе биде запрен. Со него на чело на државата Турција нема иднина.

Меѓутоа, аналитичарите се уште не знаат кои странски служби учествуваат во подготовка на воениот удар во Турција. Не е јасна улогата на САД, бидејќи Ердоган е надвор од секаква контрола, а тоа Вашингтон не го сака. Има назнаки дека во најдлабока тајност руската дипломатија се вмешала во текот на настаните и подготвува симнување на Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top