| четврток, 6 декември 2018 |

Светските берзи во црвено, фунтата и доларот слабеат, еврото расте

berza

Акциите на европските и азиските берзи вчера главно паѓаа, зашто трговците реагираа негативно на различните податоци од преработувачкиот сектор и на падот на цената на нафтата.

Британската фунта ослабево однос на конкурентските валути, откако резултатите на најновите анкети покажаа дека се во предност оние кои заговараат излез на Британија од ЕУ, непосредно пред референдумот на 23 јуни, пренесува агенцијата Франс прес.

Лондонскиот индекс FTSE 100 околу 13.30 часот по Гринич ослабе за 1,2 отсто, на 6.156,79 поени, франкфуртскиот DAX 30 за 0,8%, на 10.179,04 поени, a парискиот KAK 40 зa 1,0%, на 4.460,54 поени.

Во текот на денешното тргување, инвеститорите главно беа внимателни, наведува АФП, и покрај тоа што официјалните податоци укажуваат на раст на активностите во кинеските фабрики во мај, трети месец по ред.

Во попладневното тргување во Лондон фунтата падна на 1,4415 долари во однос на 1,4478 долари колку што вредеше синоќа на Њујорката берза.

Глобалните берзи преку ноќ се повлекоа, зашто инвеститорите го очекуваат мајскиот извештај за вработување во САД  и исходот од седницата на Европската централна банка.

Во САД индексите го започнаа тргувањето во минус, при што индустрискиот индекс Дау Џонс падна за 0,50%, S&P 500 за 0,34%, a технолошкиот за 0,27%.

На берзите на валути еврото се зајакна на 1,1166 долари, а доларот ослабе од 109,20 јени на 110,73.

Главниот индекс на Токиската берза Nikei 225 падна за 1,6%, бидејќи јенот скокна на веста за одложување на покачувањето на ДДВ.

Шангајскиот композитен индекс ослабе за 0,1%, a хонконшкиот Ханг Сенг за 0,4%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top