| четврток, 6 декември 2018 |

Во Германија нема политичка волја за депортација на бегалците

bega

Само околу 10 отсто од бегалците кои минатата година биле одбиени за азил се депортирани од Германија, се вели во извештајот на германските власти до кој пристап имал весникот „Билд“.

Бројот на депортирани одбиени баратели на азил до крајот на годината може да достигне 27 илјади, што е за 5.000 илјади повеќе од 2015 година. Само 22 илјади од нив се вратени во матичните земји. Во Германија лани вкупно 220 илјади мигранти не добиле азил, по што според германските извештаи тие треба доброволно или присилно да бидат вратени дома.

Според извештајот главна причина за лошиот процент на депортирани е „недостатокот на политичка волја“ меѓу покраинските влади и општинските власти, кои се соочуваат со недостаток на вработени во делот на имиграцијата поради што не можат да го спроведат законот при депортација на бегалците. Втора причина за неуспехот при транспорт во матичните земји на тие што не ги исполнуваат критериумите за добивање азил се долгите и комплицирани процедури за организација и имплементација на мерките за депортација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top