| четврток, 6 декември 2018 |

Криминалците во паника: Не го кршат законот за да не ги брани Мики Вујиќ

 

miki vuik

Стапката на криминал во Македонија последните месеци е исклучително намалена. Експертите се едногласни: меѓу криминалците постои паничен страв да не им биде адвокат Мики Вујиќ, па затоа се помалку и помалку се одлучуваат да направат криминал.

„Порано имаше некаква шанса да се добие помала казна за некое дело. Меѓутоа како зачести Мики Вујиќ последно време по судовите, ги брани сите, си велам – бегај, да не дојде ред да ме брани и мене, ќе добијам максимална казна“, вели анонимен извор од скопското подземје.

Тој открива дека планира да се бави со полегални работи за да обезбеди за живот па размислувал да стане градоначалник на Струмица или да отвори штедилница.

Партискиот адвокат на СДСМ Мики Вујиќ инаку е познат и како Мики Максимум, надимак кој го добил по должината на казната која обично ја добиваат неговите клиенти.

Последен во низата беше фалсификаторот Захир Бекири Чауш, кому Мики Максимум му смисли генијална тактика за намалување на казната: да се прави луд, да вика Алаху Екбер, да ја нарекува Македонија „Фиром“, да не ги признава нашите закони туку само шеријатските.

И Захир Бекири Чауш, исто како и Мики Максимум, е истакнат член на СДСМ.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top