| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: За помилувањата ќе ги почитувам законот и Уставот

Ќе го почитувам исклучиво законот и Уставот, изјави денеска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, запрашан како ќе постапи доколку лицата за кои не ја повлече аболицијата не достават барања во законски определниот рок за тоа, што беше овозможено неодамна со донесување на дополнувањето на Законот за помилување.

ivanov-640x294

Иванов, кој учествува на Самит на ПСЈИЕ во Софија, повтори дека во неговата одлука не била незаконска и противуставна и оти била донесена со цел да се овозможи начин за излез од политичката криза во земјата.

– На лидерите им понудив решение од кризата, да има помилување, за сите предмети што се и на власта и на опозицијата да се замрзне постапката што е овозможена и со Уставот и со законот. Значи нема ништо незаконско и неуставно. Тие одбија на таков начин да се реши кризата и создадоа законски услови за да може тоа да се повлече. Јас чекав согласно роковите во законот да поднесат барање. Тоа се поединечни акти, одлуки и решенија за секој кој е помилуван. Бидејќи немаше од никого реакција, ниту достави некој, тогаш мојата одлука беше за сите тие што имаше најмногу реакции дека политичарите се надвор од законот, дека се над законот, дека тие не одговараат. Затоа моето повлекување се однесуваше на сите политичари што беа опфатени со помилувањето. Законот овозможува за сите други лица да си поднесат, како што изјавуваа претходно, дека се подготвени да поднесат барање, рече македонскиот претседател.
Се уште, како што наваеде Иванов, ги очекува нивните барања.
– Затоа што законот има рокови, и очекувам од сите оние кои не се политичари, а се дел од таа листа согласно роковите да поднесат барање и да им се овозможи тоа што ќе го побараат, рече Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top