Одбојкарското и ракометното игралиште на песок на градската плажа „Парк“ од утре ќе бидат отворени за користење од граѓаните, информира Град Скопје.
Како што се наведува во соопштението на Град Скопје, сите заинтересирани граѓани, рекреативци, ученици, студенти, спортски клубови и здруженија на граѓани можат бесплатно да спортуваат и да рекреираат на ова игралиште на песок.
Спортските терени на градска плажа „Парк“ ќе бидат отворени за спорт и рекреација секој ден во термините од 10 до 24 часот, а закажувањето може да се врши секој ден на самите игралишта или на телефонскиот број 071/ 267- 265.
Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст