| четврток, 6 декември 2018 |

Со „голф“ удрил во полицаец, службеникот задржан во болница

Вчеравечер во 22.50 часот на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, при редовна работа полициски службеник од полицијата во Теарце бил удрен одзади од возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф. (29) од с.Нераште, тетовско.

Од ударот полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница-Тетово, каде е задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top