| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува поддршката од Владата за згрижувачките семејства

Владата ќе продолжи да ја поддржува работата на згрижувачките семејства, нагласи министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во одговор на новинарско прашање.

spasov-idadija-1-650x396

Тој го честита Денот на згрижувачките семејства и им се се заблагодари за грижата која што ја имаат кон децата без родители и родителска грижа.

Во Република Македонија има околу 214 згрижувачки семејства кои што вршат функционална заштита на над 284 деца без родители и родителска грижа, деца со пречки во развојот, како и деца со воспитно-социјални проблеми. Владата на РМ во изминатиот период реализираше низа на проекти со кои што овозможивме поголема поддршка на згрижувачките семејства. Последната мерка која што ја реализиравме беше зголемување на паричниот надоместок за згрижувачките семејства за 25 проценти, со што месечните примања кои што ги имаат згрижувачките семејства се зголемија, рече Спасов.

Потенцира дека ако во минатото овие семејства добивале надоместок од 6.500 до 8.500 денари, овој надоместок сега е зголемен и се движи од 8.500 до 10.500 денари. Како што рече, владата и понатаму ќе продолжи да ја поддржува работата на овие семејства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top