Светската економска криза влијаеше врз зголемувањето на бројот на смртните случаи кај лицата заболени од рак за дополнителни 500.000 лица, покажа студијата спроведена меѓу пациентите, на кои им е ускратено адекватно лекување поради невработеност или мерките за штедење во буџетите за здравство.
Студијата е работена во период од 2008 до 2010 година и укажува на тоа дека економската криза е поврзана со зголемувањето на смртноста кај заболените од рак, поради зголемената сиромаштија и неможноста од лекување. Во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во истиот период лани е регистрирана зголемена смртност за 260 илјади лица, но се додава дека таа бројка е поголема од 500.000 ширум светот.
Само во земјите од Европската унија 160 илјади лица со излечлива дијагноза починале од оваа болест, нагласи авторот на студијата Махбен Марутапу. Во САД од економски причини починале 18 илјади лица повеќе од вообичаената бројка, а во Франција 1.500. Шпанија и Велика Британија за своите пациенти обезбедиле универзална задравствена заштиита, така што во овие земји не е забележан ниту еден случај на предвремена смрт на пациенти со дијагноза на канцер.
-Ракот е водечка причина за смрта во светот и знаеме дека економските промени за клучни за степенот на преживување на ракот- изјави Марутапу.
Тој прецизираше дека студијата е спроведена на пациенти, чие заболување е излечливо, како на пример почетен степен на канцер на дојка, простата и дебелото црево. Во истражувањето се вклучени и статистики на Светската здравствена организација и на Светската банка за повеќе од 70 земји и повеќе од две милијарди жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.