Заборавите на салати она што ви треба за слабеење е сланина, масни сирења и јајца. Еден здравствен гуру открива десет изненадувачки начини на кои може да ослабнете, а немаат никаква врска со она што досега сте го правеле или практицирале.
Грант Петерсен, автор на книгата „Јади сланина, не џогирај“, ги следи принципите на катогената диета и советува од храната да ги исфрлите јаглехидратите, бидејќи тие се најзаслужни за дебелеење.
Со години Петерсен се обидувал да ослебне на конвенционален начин, така што јадел немасна храна и правел кардио-вежби. Но, не му успеало, а по многу истражувања, решил да ја проба кетогената диета.
Таа се заснова на конзумирање протеини и маснотии и исфрлање на јаглехидрати од исхраната (брашно, печива, тестенини, слатки). Мените се заснова на месо, но не се препорачува да се јадат месни преработки како виршли или колбаси. Слободно се јаде риба, јајца, масни сирења, зеленчук.
Се јаде и путер кокосово масло, маслиново масло, а од исхраната се исфрла компир, овошје кое има многу шеќер и јаглехидрати.
Она што е важно да се нагласи кај оваа диета е ако сакате да слабеете, мора да дојде до калоријски дефицит за да ја намалувате тежина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.