| четврток, 6 декември 2018 |

Платениците на СДСМ и на Сорос се радикализираат – Скопје парализирано од утро до мрак

Центарот на Скопје повеќе од два месеца е парализиран по 18 часот до 21 часот, а некогаш и до подоцна. Како да не им е доста, сдсмовите и соросоидни марионети во следните неколку дена планираат целосен хаос на скопскиот сообраќај и парализирање на клучните крстосници во Центар. Безобразно и безобѕирно, соросовите платеници ги повикуваат граѓаните да свирнат за поддршка ако налетаат на блокада. Зашто граѓаните не излегуваат да ги завршат секојдневните обврски, туку „да свиркаат кога ќе налетаат на блокади“.

Ова е блокада за правда и слобода. Ова е блокада против аболиции за криминалци. Ова е блокада за граѓанскиот глас да продре подлабоко во системот кој е окупиран од режим. Ако се соочите со блокада, приклучете се, свирнете за поддршка, свирнете за себе и за слободна Македонија, најавуваат од Шарената револуција.

Од денеска до 3 јуни во МВР е најавен штрајк на Синдикатот на работници од управата за правосудни органи, на кои ќе им се придужат и таканаречени здружени граѓани.

Поради овие протести во периодот од 11 до 14 часот, во сообраќајниот шпиц, комплет ќе бидат затворени крстосниците кај Црвениот крст, Соборниот храм и Судската палата.

Дополнително, поради ова ќе има пренасочување на сите линии на јавниот превоз, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Граѓаните гневно прашуваат до кога незначителна толпа платеници ќе ги држат граѓаните на Скопје во заложништво, за да ги оправдаат грдните пари што ги земаат од Сорос.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top