Откако организаторот на вториот по ред годинава грен-слем Ролан Гарос има сериозни проблеми со обилните врнежи оваа недела и големиот број на прекинати натпревари, еден од најдобрите француски пливачи и актуелен олимписки шампион на 50 метри слободно Флоран Манаду се пошегува со целата ситуација во Париз.
Манаду, е голем љубител на тенисот и редовно ги следи случувањата на Ролан Гарос. Тој на цела мака се пошегува на Инстаграм по повод проблемите со дождот и порача дека годинава во финалето на Ролан Гарос ќе игра Флоран Манаду.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.