| четврток, 6 декември 2018 |

Израел бара американска интервенција во Сирија

Израелскиот министер за екологија Амир Перец ги повика САД да интервенираат во сириската граѓанска војна откако разузнавачките информации покажаа дека таму било користено хемиско оружје.

Според Перец таквата интервенција нема да трае долго поради бројните цивилни жртви во Сирија.

–       Очекуваме кој и да ги дефинира црвените линии да го направи тоа што е потребно, а пред се САД и се разбира меѓународната заедница, рекол министерот.

Неговата изјава се смета како став на Израел. Белата куќа пак вели дека се уште бара конечен доказ за користење на хемиско оружје.

Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел е подготвен да се брани ако хемиското оружје на Башар ал Асад и противавионската опрема дојде во погрешни раце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top