| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски: Регионот да го остави минатото и да се сврти кон заедничка европска иднина

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денес учествуваше на Министерски состанок на државите од Процесот за соработка во ЈИЕ (ПСЈИЕ) во Правец, Република Бугарија.

poposki-samit-768x512

-Заедно ги нагласивме економската соработка, инфрастуктурното и енергетското поврзување. Истовремено, констатиравме дека е крајно време регионот да го остави минатото и да се сврти кон заедничката европска иднина. Во таа насока, се согласивме дека отворените прашања во регионот можеме да ги решаваме единствено низ отворен дијалог и поголема поврзаност преку границите во регионот. Истото ќе отвора нова соработка меѓу државите и е пред се македонски интерес. Затоа, со сигурност ќе работиме во оваа насока, повлече МНР Попоски.

poposki2-samit-768x512 (1)

За време на состанокот, министрите го поддржаа текстот на Декларацијата по повод 20-годишнината од воспоставувањето на Процесот, која ќе биде усвоена на Самитот на шефовите на држави и влади, што ќе се одржи утре во Софија, со што практично се заокружува претседавањето на Република Бугарија со Процесот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top