| четврток, 6 декември 2018 |

Уринираат по себе, не јадат, не пијат ниту вода во работно време

Сите компании вработуваат работници кои уринираат по себе, не јадат, не пијат – немаат паузи! Важна е потрошувачката која според примерот со пилешко во Америка се зголемила за 30 проценти во претходните 20 години, и во склад со тоа неопходно e и поголемо производство. Конкуренцијата на пазарот е голема, па компаниите сакаат да ја намалат цената на пилешкото за да им парираат на останатите произведувачи. Тоа ќе успее доколку успеат да пронајдат евтина работна сила.

Fabrika-pilica-izrabljivanje-piletina-radnici-620x350

-Луѓето уринираат по себе затоа што не им е дозволено да користат тоалет”, рекол Педро, поранешен вработен во компанијата „Тојсон”, пренесува Tелеграф.рс

На основа на американскиот извештај на „Оксфам”, работниците во фабриките имаат една пауза од половина час, која не е доволна за сите потреби. Константно се под притисок да работат побрзо и поинтензивно, а често се случуваат и да уринираат по себе бидејќи не стигнуваат да одат до тоалет. Или не смеат…

Работата е малку платена, и секој работник добива помалку од 10 долари на час.

-Секогаш се насмевнувам кога ќе го слушнам слоганот “Ние водиме сметка за вашето пилешко”, меѓутоа, ни тие не водат сметка за нас”, рекол поранешниот работник Албиус Латор.

Дали човечкото достоинство вреди како едно парче пилешко?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top