Во текот на вчерашниот ден во 12 часот и 45 минути била пронајдена почината жена во нејзиниот дом лоциран на улицата Саса. Се работи за 46-годишната П.Ш. која ја пронашол сопругот, 69-годишниот Д.Ш. кој се враќал од пазар. Таа била легната на стомак во ходникот и не давала никакви знаци на живот.
Тој помислил дека и се слошило, ја завртел на грб да и помогне, но забележал дека во пределот на левата града има нож и убодна рана, по што повикал Итна медицинска помош, која за жал можела само да констатира смрт.
Увид извршил Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.
Во 16 часот и 30 минути телото на починатата е предадено во Институтот за Судска Медицина за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст