За време на музичкиот фестивал што викендот се одржал во германскиот град Дармштад 18 жени пријавиле дека биле сексуално нападнати. Тројца бегалци од Пакистан се уапсени веднаш откако жените ги пријавиле нападите. Тие тврдат дека слично на новогодишните напади во Келн, биле заобиколени и потоа сексуално вознемирувани и допирани од страна на луѓе што имаат потекло од Јужна Азија.
– За жал неколку жени биле сексуално вознемирувани во Сабот, кога подиумот за танцување на фестивалот бил преполн со луѓе – вели полицијата во изјава што ја пренесуваат германските медиуми.
По брзата интервенција на полицијата биле уапсени тројца пакистански азиланти на возраст од 28 до 31 година, но полицијата се сомнева дека напаѓачите биле побројни. По апсењата уште 15 други жени пријавиле дека биле цел на сексуален напад за време на фестивалот. Сите напади се одвивале по веќе познатата формула, жените најпрвин се обиколуваат од група мажи по што сексуално се вознемираат.
Инцидентите во Дармштад се случуваат две недели откако во Берлин за време на уличен фестивал група од 10 луѓе сексуално нападнале две тинејџерки. Полицијата тогаш уапси тројца малолетници од кои двајца се Турци на возраст од 14 до 17 години кои и предходно и биле познати на полицијата.
Германската полиција беше остро критикувана за лоша реакција при новогодишните напади на жени во Келн и други германски градови кога над 1000 жени беа сексуално нападнати а инцидентите станаа дел од политичката дебата во која што крајната десница се обидува да прикаже дека приливот на бегалци е причина за зголеменото ниво на криминал во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст