| четврток, 6 декември 2018 |

За вита става: Пет едноставни работи што треба да ги направите пред девет часот

Последните истражувања покажуваат дека лицата што стануваат рано се повити, поздрави и посреќни од тие што сакаат да поспијат подолго.

Кетлин Алум, нутриционистка и авторка на книгата „Што ве јаде“ издвои пет едноставни работи, кои треба да ги направите секое утро пред девет часот, ако сакате вита линија.

1.Посветете се на физичките вежби бидејќи наутро имате најмногу време за тоа.

2. Не прескокнувајте го појадокот. Истражувањето покажало дека лицата кои појадуваат подобро го контролираат холестеролот, имаат подобра меморија и не претеруваат со храната во текот на денот.

3. Наутро секогаш длабоко дишете и отпуштете се. Две минути длабоко дишење и медитација секое утро може да има позитивни ефекти на вашето тело, и физички и ментално. Го намалува крвниот притисок, ја забавува работата на срцето и го редуцира стресот.

4. Обидете се да се будите секое утро во исто време бидејќи тоа го стабилизира вашиот биолошки часовник. На тој начин се стабилизраат хормоните што влијаат на апетитот и на нивото на шеќерот.

5. Секое утро пијте вода, но не многу брзо и не многу топла вода. Тоа ќе има позитивни ефекти на вашето здравје, но и на вашата кожа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top