| четврток, 6 декември 2018 |

Комбето е сопственост на СДСМ, возачот вработен во партијата

boi sdsm huligani kombe

Комбето полно со бои и „катапулти“ со кои е причинета штета од 250.000 евра го управувал Новица Павиќ, лице кое од 15 октомври 2013 година е вработено во партијата СДСМ на неопределено време, како возач на моторни возила, дознава Прес 24 од свои извори.
Со тоа веќе нема дилема дека СДСМ директно го организира уништувањето на јавното добро низ Скопје особено ако се има предвид дека комбето во кое е откриена бојата е сопственост на партијата СДСМ, а лицето кое го управувало, исто така е вработено во партијата СДСМ. Тоа е само уште еден доказ дека во протестите на хулиганите на СДСМ и СОРОС нема ништо граѓанско, бидејќи партијата од Бихаќка, сама ги дистрибуира боите и катапултите низ градот а за тоа го ангажира и партискиот возач кој добива плата за да им ја носи бојата на партиските хулигани.

Возачот се очекува да добие соодветна пријава од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top