| четврток, 6 декември 2018 |

Претепано момче кај Судска палата

Ноќва во 00.39 часот од Ургентен центар-Скопје во ЕИК-Скопје било пријавено дека бил донесен повреден Р.Ц. (21) од Дебар.

Момчето било повредено во физички напад кај Судска палата, од страна на повеќе лица од кои едно од нив со удар со лакт му нанел тешка телесна повреда, поточно скршеница на долна вилица.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top