| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка пронајдена мртва со нож во гради

Вчера  во 12.45 часот во Скопје во својот дом на ул „Саса“, пронајдена е почината П.Ш. (46).

Во разговор со полициски службеници нејзиниот сопруг Д.Ш. (69)  изјавил дека истиот ден во 11.30 часот кога се вратил од пазар ја пронашол во ходникот легната на стомак. Помислил дека ѝ се слошило, ја завртел на грб да ѝ помогне, но забележал дека во пределот на левата града има нож и убодна рана, по што повикал Итна медицинска помош, која констатирала смрт.

Увид извршил јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје.

Во 16.30 часот телото на починатата е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top